Unlimited Wordpress themes, plugins, graphics & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Web Design
  2. HTML & CSS
Webdesign

Сакате да ги научите основите на веб дизајн? Започнете тука

by
Length:ShortLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Marija Poposka (you can also view the original English article)

Ако сакате да започните во светот на веб дизајн, постојат неколку клучни вештини кои треба да ги совладате.

Прво треба да имате работно познавање за тоа како да кодирате страница во HTML. Потоа, ќе треба да можете да користите CSS за да ги креирате визуелните ефекти кои ги посакувате, било да е тоа одреден распоред, типографија, или бои и позадини.

За среќа, Envato Tuts+ инструкторката Кец Брејси состави серија курсеви за почетници кои длабоко ги покриваат  сите овие теми, давајќи ви цврста основа од која ќе изградите понапредни вештини за веб дизајн. Еве еден преглед на овие курсевии што можете да научите.

1. Започнете тука: Научи ги основите на HTML

Најкритичниот прв чекор за да се постане веб дизајнер е учењето како да се кодира HTML. До крајот на овој краток курс ќе научите што е HTML, како функционира, и како се користат неговите најопшти елементи. Ќе одите од празен шкрилец за да ја имате првата целосно функционална, основна рачно кодирана страница. Ова ќе ви даде суштинска основа врз која ќе се градат сите ваши идни дизајни.

2. Започнете тука: Научете CSS типографија

Ако сте млад и надежен веб дизајнер и сте спремни да учите CSS, тогаш започнете тука!

Ако постои еден вид стил кој веројатно е поважен од било кој друг во веб дизајнот, тоа е типографијата. Идеално, вашите страници треба да започнат со солидна типографија, а остатокот од дизајнот треба да биде изграден околу тоа. Поради оваа причина, важно е прво да се разбере типографскиот дел од процесот за дизајнирање.

3. Започнете тука: Научете CSS распоред

Сега откако ги научивте основите на типографијата во претходниот ,,Започни тука“ курс, подготвени сте да преминете на следниот суштински елемент од веб дизајнот: распоредот.

На овој курс ќе научите сè што треба да знаете за да ги креирате најопштите видови на распоред во веб дизајнот.

4. Започнете тука: Научете CSS бои и позадини

Во оваа инсталација од нашата ,,Започни тука“ серија, ќе внесите живот во страницата што сте ја креирале со користење на CSS бои и позадини.

На овој курс ќе научите сè за визуелните техники кои ги прават страниците да се разликуваат една од друга, и да внесите ,,дизајн“ во веб дизајнот.

Започнете да учите со бесплатна проба

Со овие четири курсеви ќе ги научите основните вештини кои ќе ви требаат како веб дизајнер. Секако, има многу повеќе за веб дизајн од ова, и исто така имаме курсеви за понапредни теми како анимација, jQuery, JavaScript, и други.

Може да земите колку што сакате курсеви за веб дизајн  ако се регистрирате за бесплатна 10-дневна проба на нашата месечна претплата. Затоа започнете уште денес, и изградете цврста основа со која можете да ја однесите вашата веб дизајн работа на следно ниво.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.